Дома Останати Кошарка Пред три децении на денешен ден: МЗТ го фрли на колената големиот Реал Мадрид (Видео)

Пред три децении на денешен ден: МЗТ го фрли на колената големиот Реал Мадрид (Видео)

На денешен ден, пред речиси три децении, МЗТ Скопје го испиша најсјајното поглавје во својата историја. Во тогашната сала „Јане Сандански“, позната меѓу љубителите на кошарката како „лименка“, „металците“ направија чудо — го совладаа славниот Реал Мадрид со 69-68 во рамки на ФИБА Еврокупот.

Само ден по славјето на Работнички против Скаволини, македонската кошарка повторно гореше од возбуда. Аеродромци, бодрени од над 1.500 навивачи, одиграа натпревар за паметење против тогашниот шесткратен европски првак, составен од ѕвезди како Хуан Антонио Оренга, Хуан Антонио Моралес, легендарниот Дејан Бодирога и идниот најтрофеен тренер во Европа – Жељко Обрадовиќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако во Мадрид беа убедливо поразени со 65-92, кошаркарите на МЗТ одговорија со срце и борба. Во Скопје следуваше сензација – една од најголемите во историјата на македонската клупска кошарка. Херој на вечерта беше Перо Блажевски, кој на три секунди до крајот реализираше два слободни фрлања за конечни 69-68. „Тишина е потребна“, ќе изговори легендарната реченица коментаторот Љубомир Николовски на А1, додека Блажевски со ладнокрвна мирнотија ја урна европската кошаркарска империја. Во последниот напад, Оренга промаши шут за три, а салата во Аеродром експлодираше од радост.

Тренерот Александар Књазев едвај гледаше, играчите се гушкаа, а славјето траеше до раните утрински часови. Блажевски го заврши мечот со 22 поени, следен од Мирза Куртовиќ (15), Врбица Стефанов (14), Принц Марк Антонио Дин (11), Игор Михајловски (4), Ѓорѓи Књазев (3), Дејан Димов и Тони Симиќ – имиња што останаа запишани со златни букви во историјата на МЗТ.

Години подоцна, навивачката група „Фемили Аеродром“ го овековечи легендарниот момент со графит посветен на Блажевски и неговите клучни слободни фрлања.

Сезоната 1995/96 остана златна страница за МЗТ Скопје – на домашен терен ги совлада сите противници во групата, меѓу кои Улм, Бенфика, Хапоел и Плама Плевен. Европската бајка заврши меѓу 32-те најдобри екипи, по драматична елиминација од Порто

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сп…