
Светското фудбалско првенство уште не започнало, а веќе се назира голем проблем кој би можел сериозно да ги погоди бројни претставници, особено оние помали. Според пишувањата на Guardian, повеќе од половината учесници на Мундијалот ќе се соочат со дополнителни трошоци поради даночниот систем во САД.
Главната причина лежи во фактот дека ФИФА не успеала да договори општо даночно ослободување со американската влада. Иако ФИФА како организација има даночни олеснувања уште од Светското првенство 1994 година, тоа не важи за националните сојузи кои учествуваат на турнирот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тие ќе мора да плаќаат различни даноци, федерални, државни и градски, на приходите кои ќе ги остварат за време на натпреварувањето.
Најголем проблем имаат земјите кои немаат потпишано договор за избегнување на двојно оданочување со САД. Такви се дури 30 од вкупно 48 репрезентации, што значи дека токму тие ќе го носат најголемиот финансиски товар.
Дополнителен проблем претставува фактот дека ФИФА на сите репрезентации им одредила ист оперативен буџет од 1,5 милион долари, без оглед на даночните разлики. Истовремено, дневниците за членовите на делегациите се намалени од 850 на 600 долари, иако трошоците за патување и сместување во САД се значително повисоки од порано.