
Челси оваа сезона најмногу страда кога станува збор за одбраната, која е, заедно со таа на Манчестер Сити, најлоша меѓу тимовите од Премиер лигата кои се борат за места кои водат во Лигата на шампионите. Раководството на клубот решението го гледа во дефанзивецот Марк Гуехи (24), кого го продале на Кристал Палас во 2021 година, објавија британските медиуми.
Марк Гуехи помина низ младинската школа на Челси, а во јули 2021 година бил продаден на Кристал Палас за 23 милиони евра. После тоа, кариерата на Гуехи почнала да се развива вртоглаво. Во март 2022 година дебитирал за англиската репрезентација и станал стандарден репрезентативец. Минатото лето Њукасл се обидуваше да го доведе, но поради високата оштета трансферот пропаднал. Во неодамна завршениот зимски преоден рок повторно бил баран играч, но понудите на Челси и Тотенхем биле одбиени.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
На Гуехи договорот со Кристал Палас му истекува во јуни 2026 година, а клубот од Селхурст парк бара оштета од 85 милиони евра. Британските медиуми проценуваат дека Кристал Палас нема да ја намали цената и дека во претстојниот летен преоден рок ќе бара истиот износ.
Тренерот на Челси Енцо Мареска инсистира на купувањето на Гуехи бидејќи верува дека тој ќе биде вистинскиот лидер на нивната одбрана. Затоа, англиските медиуми предвидуваат дека Челси на лето ќе се согласи со високите отштетни барања на Кристал Палас.