Дома Фудбал Пред 10 години ја освои ЛШ со Барселона, сега работи во продавница: Поранешниот репрезентативец ја шокираше јавноста

Пред 10 години ја освои ЛШ со Барселона, сега работи во продавница: Поранешниот репрезентативец ја шокираше јавноста

Десет години по освојувањето на сите можни титули со Барселона, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, Жереми Матје денес ја изненади француската јавност и откри дека работи во една продавница на спортскиот ланец Интерспорт!

Според информациите што ги пренесува “L’Equip”, Матје е ангажиран како еден од менаџерите во фудбалскиот сектор на споменатата продавница, лоцирана меѓу Екс-ан-Прованс и Марсеј.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сè стана вирално откако се појавија фотографии на поранешниот репрезентативец на Франција како носи работена маица со име – што предизвика огромен интерес кај навивачите. Продавницата од тој момент прими стотици повици од навивачи кои сакаа да го посетат објектот и да се запознаат со поранешниот дефанзивец на Барселона и Валенсија.

Во саботата Матје беше главна атракција, а многу купувачи ја искористија можноста да направат заеднички фотографии со некогашниот фудбалер кој го носеше и дресот на францускиот национален тим пет пати.

Да потсетиме, Матје во 2014 година на повик на Луис Енрике премина од Валенсија во Барселона, каде претежно беше во ротацијата, но беше важен дел од тимот кој таа сезона ја освои тројната круна — Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите. А исто така и Суперкупот, Светското клупско првенство и шпанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмногу пенали во топ-5 лигите биле досудени за Реал Мадрид

Сезоните во најдобрите европски лиги полека влегуваат во својот финиш. Интересно е да се п…