Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави потпис на нов договор со Манчестер Сити.
Иднината на Гвардиола во Манчестер Сити беше неизвесна бидејќи неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Преговорите за нов договор се оддолжија, но сепак двете страни конечно постигнале договор.
„Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде, доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство за овој фудбалски клуб“, изјави Гвардиола.
Медиумите денеска откриваат и зошто шпанскиот стратег се одлучил да ја продолжи соработката.
Наводдно, Пеп одлучил да ја продолжи соработката бидејќи не се работи за долгорочен договор и релативно во блиска иднина би можел по неговото истекување да преземе некоја репрезентација што е нешто што го посакува подолго време. Токму поради тоа одбил подолга соработка.