Дома Фудбал Познато првото засилување на Реал за следната сезона!

Познато првото засилување на Реал за следната сезона!

Реал Мадрид не пропушта да вметне клаузула за повраток и затоа е јасно дека Нико Паз ќе биде првото засилување на „кралскиот“ клуб.

Фабрицио Романо потврди дека во Реал ги подготвуваат сите услови за негово враќање наредното лето, иако постоеше можност да се врати веќе оваа година, Чаби Алонсо процени дека за неговиот развој е најдобро да остане кај Цеск Фабрегас во Комо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И се чини дека не погреши, Паз блеска, во понеделникот постигна гол и против Џенова, откако на отворањето на сезоната го совлада Лацио.

Паз е роден 2004 година, пред него е голема кариера, а Реал Мадрид има опција да го врати за помалку од 10.000.000 евра.

Да потсетиме, тој е дете на Реал Мадрид, пристигна уште во 2016 од Тенерифе, а во 2024 премина во Комо за 6.000.000 евра. Но, Реал задржа опции да го врати ова лето за 8.000.000 или наредното за нешто поголема сума.

Романо тврди дека Нико Паз ќе биде првото засилување на Реал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…