Дома Фудбал Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 година, според различни извори би можел да го напушти мадридскиот клуб по завршувањето на актуелната сезона.

Според некои медиуми во Италија, тоа може да го искористи Рома, која го сака Анчелоти на кормилото.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


 Актуелниот тренер на „волчицата“ Клаудио Раниери го презеде тимот пред неколку недели, но само до крајот на сезоната.

Самиот Карло Анчелоти би имал сентиментални причини да се впушти во ваква авантура, бидејќи во текот на својата фудбалска кариера стана легенда на Рома, носејќи го дресот на славниот италијански клуб цели осум сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноер упати остри критики кон Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала

Мануел Ноер, голманот на Баерн, упати остри критики кон голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума…