Дома Фудбал Познато кој ќе биде наследникот на Анчелоти во Реал. Објавата е прашање на денови.

Познато кој ќе биде наследникот на Анчелоти во Реал. Објавата е прашање на денови.

КАРЛО АНЧЕЛОТИ (65) го завршува својот втор мандат во Реал. Сè е договорено околу неговото преземање на репрезентацијата на Бразил. Еден од најтрофејните тренери во историјата го напушта клубот со кој освои три Лиги на шампионите и по две шпански првенства, Куп на кралот и клупски СП.

Анчелоти ќе стане селектор на Бразил веднаш штом заврши шпанското првенство, што значи дека нема да го води Реал на клупското СП кое почнува средината на јуни. Анчелоти требаше да биде на тоа натпреварување, но испаѓањето на Реал од Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите и поразот од Барселона во финалето на Купот на кралот го забрзаа неговото заминување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Инсајдерот Матео Морето открива дека Реал брзо најде наследник на Анчелоти и тоа така што заменува една клупска легенда со друга. “Чаби Алонсо (43) во наредните неколку дена ќе го извести Баер Леверкузен дека одлучил да го преземе Реал. Трансферот е на еден чекор од реализација”, рече тој.

Алонсо како играч помина пет години во Реал и од 2009 до 2014 освои по една Ла Лига и Лига на шампионите и два Купа на кралот. Сега ќе биде тренер наследник на Анчелоти кој беше негов тренер во Реал и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играше на Светско првенство, а сега е бездомник: Девојка се шокирала кога дознала на кого секој ден му дава храна (Видео)

Една девојка на Инстаграм сподели трогателна и тажна животна приказна на главниот лик. Отк…