Дома Останати Кошарка Познати сите парови за плејофот на НБА лигата

Познати сите парови за плејофот на НБА лигата

Мајами и Мемфис се последните две екипи кои обезбедија учество во плејофот на НБА за оваа сезона. Мајами и Мемфис успеаја да се квалификуваат преку плеј-ин турнирот и сега ги очекуваат дуели против првопласираните екипи во нивните конференции.

Мајами обезбеди победа откако по продолженијата ги совлада Атланта со 123:114. До победата ги донесе Тајлер Хиро со 30 поени, осум скока и седум асистенции, додека Ендру Вигинс постигна 20 поени со по осум скока и асистенции.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хит беа десети во регуларниот дел на сезоната, но во плеј-инот ги победија Булс и Хоукс и обезбедија дуел со Кливленд Кавалирс во првото коло на доигрувањето.

Мемфис го елиминираше Далас

Заврши драматичната сезона за минатогодишните финалисти Далас Маверикс, кои беа поразени со 120:106 од Мемфис. Со 24 поени и седум скока победничката екипа ја предводеше Џарен Џексон Џуниор, додека со по 22 поени и девет асистенции постигнаа Џа Морант и Дезмонд Бејн. Ентони Дејвис постигна 40 поени за Далас со девет скока.

Мемфис ја задржа осмата позиција од регуларниот дел на сезоната и во првото коло од плејофот ќе игра против Оклахома Сити Тандер.

Парови за доигрувањето:

Запад:

Оклахома Сити Тандер (1) – Мемфис Гризлис (8)
Денвер Нагетс (4) – Лос Анџелес Клиперс (5)

Лос Анџелес Лејкерс (3) – Минесота Тимбервулвс (6)
Хјустон Рокетс (2) – Голден Стејт Вориорс (7)

Исток:

Кливленд Кавалирс (1) – Мајами Хит (8)
Индијана Пејсерс (4) – Милвоки Бакс (5)

Њујорк Никс (3) – Детроит Пистонс (6)
Бостон Селтикс (2) – Орландо Меџик (7)

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Македонецот“ Шортс избран за МВП во плејин-фазата на Евролигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс официјално е прогласен за најкорисен…