Дома Фудбал Познати се деталите: Полицијата објави како починал хрватскиот фудбалер

Познати се деталите: Полицијата објави како починал хрватскиот фудбалер

Во шпанскиот град Аликанте беше спроведена обдукција на телото на Јаков Јелкиќ (24), хрватски фудбалер, чие тело беше пронајдено во морето откако исчезнал во ноќта помеѓу петок и сабота.

На телото не беа пронајдени траги на насилство, па полицијата претпоставуваше дека настрадал поради пад во студеното море под влијание на алкохол, пренесе „Јутарњи лист“.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


„Претпоставуваме дека станува збор за несреќен случај“, изјави портпаролот на полицијата од Аликанте во телефонски разговор. Полицијата претходно во текот на денот одржа прес-конференција во овој приморски град на југоистокот од Шпанија.

За време на обдукцијата, во белите дробови е пронајдена морска вода, па истражителите заклучија дека Јелкиќ се изгубил животот давејќи се.

„На телото не се откриени знаци на насилство, и со оглед на неговото движење забележано на камерите, заклучивме дека тој паднал во морето. Морето е студено во ова време од годината, а тој бил сам“, изјави портпаролот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гименез обезбеди три бода за Милан против Верона (Видео)

Eкипата на Милан полека влегува во подобра форма и веќе четврти натпревар е без пораз во и…