Дома Фудбал Познати паровите во 1/16 финалето од Купот на Македонија

Познати паровите во 1/16 финалето од Купот на Македонија

По денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одредени паровите за 1/16 финалето од Купот на Македонија. Ждрепката се одвиваше без учеството на екипата на Беса, која вчера и официјално се повлече од сите натпреварувања. Ваквата ситуација остави 27 клубови кои ќе се борат за пласман во следната фаза, а интересното е што нема ниту еден дуел помеѓу прволигаши во ова коло.

Победникот ќе се одлучи во еден меч, при што подобрите екипи ќе обезбедат место меѓу 16 најдобри екипи на турнирот. Сезоната 2023/24 носи многу интересни дуели, а трофејот го брани Вардар, кој ќе се обиде да ја продолжи доминацијата во Купот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


1/16 финале Куп на Македонија:

  • Башкими – Детонит Плачковица
  • Шкендија Арачиново – Каменица Саса
  • Беласица – Арсими
  • Јени Маале – Шкендија
  • Карбинци – Работнички
  • Евротип – Силекс
  • Победа Валандово – Брегалница
  • Тетекс – Пелистер
  • ГФК Охрид – Брера
  • Љуботен – Македонија ЃП
  • Скопје – Тиквеш
  • Кожуф – Шкупи
  • Победа – Башкими 1947
  • Пчиња – слободна поради откажувањето на Беса
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…