Дома Фудбал Познатата фотографија на Ибрахимовиќ сега стана ковер за видео игра (Фото)

Познатата фотографија на Ибрахимовиќ сега стана ковер за видео игра (Фото)

Се сеќавате ли на познатата фотографија од младиот Златан Ибрахимовиќ како лежи на својот кревет читајќи спортски магазин? Таа фотографија сега доби нов живот.

ЕА Спортс, еден од водечките произведувачи на видео игри во светот, ја оживеа фотографијата. Оваа компанија е особено позната по спортските симулации, а нивната најпозната игра, која претходно беше позната под името ФИФА, сега е ЕА ФК.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Ибрахимовиќ ќе биде едно од заштитните лица на најновата игра – EA ФК 26, бидејќи овој шведски фудбалер со босанско потекло ќе се најде на насловната страница на „ултимативното“ издание.

EA Sports неодамна го потврди ова и ги воодушеви обожавателите со новиот дизајн на насловната страница на која се наоѓа Златан.

Компанијата ја реанимираше старата фотографија и додаде неколку елементи, како што е дресот на ПСЖ на ѕидот и слика од неговата прочуена акробација во вид на ножички.

Како и на оригиналната фотографија, Златан ги прелистува страниците на списание, на чија насловна е прочуениот Роналдо Назарио, што посебно ги воодушеви љубителите на оваа позната игра.

Да напомниме, Златан се повлече од активното играње пред две години, од клубот Милано, каде продолжи со работа и по завршувањето на кариерата.

Изработката на ваквиот cover за EA FC 26 значи и дека во самата игра, Ибрахимовиќ ќе има своја специјална и ретка картичка што сите играчи ќе посакуваат да ја имаат, бидејќи истата веројатно ќе биде исклучително моќна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул не жали по Исак: Пред потпис е со голгетер од 100 милиони евра!

Њукасл го одби Ливерпул за Александар Исак, па Ливерпул се насочи кон Уго Екитике, кој пор…