
Иднината на Бруно Фернандес на Олд Трафорд повторно е во центарот на вниманието.
Португалецот ова лето сериозно размислува за својата кариера, а Манчестер Јунајтед ќе мора длабоко да посегне во џебот ако сака да го задржи капитенот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според пишувањата на британскиот Mirror, Фернандес очекува јасна визија од клубот пред да донесе одлука. Неговото незадоволство од менаџментот и постојаните промени на тренерите стануваат се поочигледни.
Минатото лето беше на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, но во последен момент одлучи да остане во Англија. Сепак, фрустрациите се насобрале и сега бара сигурност и јасни планови од клубот.
Привремениот тренер Мајкл Керик доби пофалби од Фернандес, но Португалецот сака да знае кој долгорочно ќе го води тимот. Тоа е клучниот фактор во неговата одлука за иднината.
Фернандес знае дека е во годините кога потпишува последен „голем договор“ во својата кариера, и така постави јасни услови и што сака да знае.
Бара пакет кој ќе му гарантира финансиска сигурност и можност за борба за трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Според пишувањата на медиумите, за да го задржи, Манчестер Јунајтед ќе треба да му понуди плата од 400.000 фунти неделно! Тоа би го направило најплатениот фудбалер во историјата на клубот.
Тековниот договор на Фернандес е вреден до летото 2027 година, со опција за продолжување од 12 месеци, што му дава на клубот одредена флексибилност, но не го отстранува притисокот да се најде решение.
Португалецот е целосно свесен за својата вредност и намерата му е максимално да ги искористи преговорите.