Дома Фудбал Останато Позната шампионка „погребана“ без вистински погреб – нејзиното тело го оставија на најсуровото место

Позната шампионка „погребана“ без вистински погреб – нејзиното тело го оставија на најсуровото место

Голема трагедија се случи пред неколку недели, кога во Пакистан, на планините Каракорум, загина шампионката во бијатлон Лаура Далмајер (31).

Таа загина на 28 јули, кога врз неа паднаа камења, а по трагедијата, нејзиното семејство изврши погребен чин, но без телото на Лаура Далмајер, чијото тело и понатаму е на 5700 метри надморска висина, под врвот Лаила.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, искусната планинарка, која практично целиот свој живот го помина во планините, посакала нејзиното тело да остане на планината доколку дојде до смртен исход.

Семејството решило да ја исполни нејзината желба и нејзиното тело останало во најсуровиот планински венец на светот, чииот највисок врв, К2, е потешко да се освоји отколку Монт Еверест, највисокиот планински врв на светот.

Веднаш по несреќата, спасувачки тим и хеликоптер биле испратени на местото. Бидејќи поради суровоста на теренот и стравот од дополнителни одрони, не можело да се лоцира телото. Следниот ден, уште два тима тргнале копненски кон местото на несреќата, но залудно, за потоа нејзиниот тим да соопшти дека спортистката починала, дека била лоцирана со сериозни последици и повреди и дека не покажувала знаци на живот.

Нејзините пријатели, кои биле на експедицијата, известиле дека нејзината желба била нејзиното тело да остане на планината во случај на смртен исход и несреќа.

„Сакам да бидам погребана во планините, тоа е мојот сон”. Истото го потврдил и портпаролот на провинциската влада во провинцијата Гилгит-Балтистан во Каракорум.

Фото: Instagram/Laura Dahlmaier

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија: Загина млад македонски боксер!

Македонскиот бокс е во жалост поради загубата на еден од своите најперспективни млади спор…