
Денес беше објавен целиот распоред на Серија “А”за сезоната 2025/26 по ждрепката што ја одржа фудбалската лига на специјална церемонија во Парма.
Новата кампања ќе започне за време на викендот на 23-24 август и ќе заврши на 24 мај следната година, неколку недели пред почетокот на Светското првенство 2026. Предвидени се три посредни кола, како и четири паузи поради натпреварите на репрезентациите.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Шампионот Наполи ќе ја започне кампањата како гостин на новајлијата Сасуоло. Повторно во првото коло Милан ќе биде домаќин на уште една новајлија во елитата – Кремонезе. Интересно е што ждрепката му додели на Интер исто така да започне на “Сан Сиро” против Торино.
Дерби натпреварите во Серија “А” за сезоната 2025/26:
3. коло: Јувентус – Интер
4. коло: Лацио – Рома
5. коло: Милан – Наполи
6. коло: Јувентус – Милан
7. коло: Рома – Интер
8. коло: Лацио – Јувентус
8. коло: Наполи – Интер
9. коло: Аталанта – Милан
10. коло: Милан – Рома
11. коло: Интер – Лацио
11. коло: Јувентус – Торино
12. коло: Интер – Милан
13. коло: Милан – Лацио
13. коло: Рома – Наполи
14. коло: Наполи – Јувентус
16. коло: Јувентус – Рома
17. коло: Аталанта – Интер
18. коло: Лацио – Наполи