Дома Фудбал Повторно: Нејмар повреден пред роденденот на сестра му

Повторно: Нејмар повреден пред роденденот на сестра му

Бразилскиот фудбалер Нејмар штотуку се врати на теренот, и пак се повреди.

Нејмар за саудискиот Ал Хилал одигра само седум натпревари за сезоната и успеа финансиски да профитира на неверојатен начин – заработи околу 300 милиони евра вкупно.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Кога му здосади животот во Саудиска Арабија, предизвика воодушевување во Бразил, бидејќи реши да се врати во Сантос.

По само седум одиграни натпревари за бразилскиот клуб, Нејмар е повторно повреден.

Поради тоа пропушти меч со Коринтијанс во неделата, а Сантос беше поразен на гости со 2:1.

„Сè што сакав е да бидам на теренот денес и да им помогнам на соиграчите на некој начин. Но, изминатиот четврток почувствував нелагодност и тоа ми оневозможи да бидам на теренот денес, направивме тест утрово и пак го почувствував тоа.

За жал, тоа е дел од фудбалот… Не оди денес, но ќе се вратиме уште посилни за да се бориме за нашите цели“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Сето ова можеби не би било толку чудно ако Нејмар веќе неколку пати не беше повреден баш пред роденденот на сестра му. Познато е дека неговите повреди се доведуваат во прашање токму поради оваа причина, бидејќи Нејмар очигледно сака да го прослави роденденот на сестра му.

Веќе неколку години, без оглед каде игра, беше повреден за време на роденденот на сестра му поради што отиде во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот пред ПСЖ: Никој не одигра така против нас ова сезона

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изрази признание за Пари Сен Жермен за одличната игра, но …