Дома Фудбал Останато Повредите не го интересираат: Џејк Пол објави фотографија од болницата со многу пари

Повредите не го интересираат: Џејк Пол објави фотографија од болницата со многу пари

Американскиот боксер и Јутјубер Џејк Пол предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи веднаш по излегувањето од здравствената установа, откако беше примен поради нокаутот што му го зададе Ентони Џошуа.

Во петтата рунда од борбата која се одржа во петокот, Пол претрпе сериозна повреда. Набрзо потоа, Џошуа го доби мечот со очигледно супериорна серија на удари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со овој триумф Џошуа го подобри својот рекорд на 29 победи и 4 порази, додека Пол остана со биланс од 12 победи и 2 порази. Сепак, исходот од борбата за Пол заврши со скршеница на вилицата, и следеше болничка нега.

По враќањето дома, Пол направи контроверзна објава на своите профили, покажувајќи ја уште еднаш својата луксузна страна на живеење.

Јутјуберот сподели слика од приватен авион, опкружен со мнгу пари, Луј Витон ташни и неколку пиштоли. Во описот, тој постави мотивациска порака.

“Американски сон. Започни својот денес. Верувај во него. Ако паднеш, учи. Ако паднеш, не прекинувај”, гласеше неговата порака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џон Џонс откри дека има болест поради која можеби повеќе никогаш нема да се бори

Еден од најголемите борци во историјата на мешани боречки вештини, Jon Џонс (38), откри де…