Дома Фудбал Повеќе среќа следниот пат: Гигс повторно не го примија во „Куќата на славните“

Повеќе среќа следниот пат: Гигс повторно не го примија во „Куќата на славните“

Братот на Рајан Гигс, Родри, се огласи откако легендарното крило на Манчестер Јунајтед уште еднаш беше изоставено од списокот на кандидати за влез во Куќата на славните на Премиер лигата. Во понеделник беа објавени 15 имиња кои влегоа во потесниот избор, а меѓу нив се најдоа и Гари Невил, Едвин ван дер Сар и Сеск Фабрегас, пишува GiveMeSport.

Иако е Гигс најтрофеен играч во историјата на првенството и трет по број на настапи, повторно е занемарен. Ова го поттикна неговиот помлад брат Родри, со кого Велшанецот има многу турбулентно минато, јавно да ја прокоментира одлуката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Откако официјалниот профил на Премиер лигата на социјалната мрежа „X“ објави најава за новите два члена на Куќата на славните, Родри го изрази своето незадоволство. Во својата објава сподели видео со најдобрите потези на неговиот брат и остро порача: „13 титули на Премиер лигата, безброј голови и рекорден број асистенции. #СрамнаКуќаНаСлавните.“

Овие зборови на поддршка многумина ги изненадија, земајќи предвид дека браќата не разговараат години наназад откако беше откриено дека Рајан имал афера со тогашната партнерка на Родри. И покрај личниот конфликт, Родри ги истакна непобитните спортски факти. Гигс сѐ уште е рекордер со 162 асистенции во Премиер лигата, а најблискиот следбеник, Кевин де Брујн, заостанува за дури 43 додавања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…