Дома Останати Тенис Потврдено враќањето на Ѓоковиќ: Познато на кој турнир ќе игра

Потврдено враќањето на Ѓоковиќ: Познато на кој турнир ќе игра

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се враќа на турнирот во Индијан Велс, потврдено е од страна на организаторите на првиот мастерс во сезоната.

Ѓоковиќ, откако настапи на Австралија опен, каде што стигна до финалето во кое беше поразен од Карлос Алкарас, одлучи да направи пауза пред следните предизвици.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, присуствуваше на Зимските олимписки игри, а потоа го откажа учеството на турнирот во Доха.

Организаторите на турнирот во Катар соопштија дека причината за изостанокот е преголемиот замор на 38-годишниот тенисер.

„Легендата се враќа. Дваесет години по дебито, Новак Ѓоковиќ се враќа во ‘тенискиот рај“, се наведува во објавата на организаторите на Мастерсот во Индијан Велс.

Српскиот тенисер пет пати го има освоено трофејот во Калифорнија, последен пат во 2016 година, и заедно со Роџер Федерер го дели првото место по бројот на титули на тој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Денеска заврши историската низа на Јаник Синер!

Прашањето веќе не е дали Јаник Синер ќе победи, туку дали ќе го стори тоа со максимален ре…