Дома Фудбал Потврдено: Влаховиќ одбил 12 милиони евра годишно – познато и од кој клуб!

Потврдено: Влаховиќ одбил 12 милиони евра годишно – познато и од кој клуб!

Фудбалерот на Јувентус Душан Влаховиќ ја одби понудата на Фенербахче затоа што сака да премине во некој од клубовите на Премиер лигата ова лето, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Тутоспорт објави дека Фенербахче е подготвен да му понуди на Влаховиќ плата од 12 милиони евра годишно од сезоната 2025/2026, колку што сега заработува во Јувентус, но 25-годишниот српски репрезентативец не е заинтересиран да премине во Турција. Влаховиќ се надева дека ќе добие некоја понуда од Премиер лигата на крајот од сезоната.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Влаховиќ не постигна договор со управата за продолжување на соработката по следната сезона, а раководството на клубот планира да ги разгледа понудите во текот на летото.

Влаховиќ е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона, а во неделата првпат беше стартер во Серија А во 2025 година и постигна единствениот гол во победата против Калјари.

Поранешниот фудбалер на Партизан постигна 14 гола и имаше две асистенции во 31 натпревар оваа сезона. Тој се бори за место во првиот тим на Јувентус со Рандал Коло Муан, кој пристигна во клубот во јануарскиот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше дел од Милан како фудбалер, освои СП со Италија, а сега „росонерите“ го вратија како тренер!

Поранешниот светски првак со италијанската репрезентација и поранешен фудбалер на АЦ Милан…