Дома Фудбал Потрес во Кина: Најуспешниот клуб во земјата исфрлен во втора лига!

Потрес во Кина: Најуспешниот клуб во земјата исфрлен во втора лига!

“Клубот преку различни начини се обидуваше да стигне до професионалната лига, меѓутоа, поради историскиот товар на долговите, средствата кои ги собравме не беа доволни за да ги исчистиме”, наведе осумкратниот шампион на Кина во соопштението.

Фудбалската федерација на Кина го исклучи Гуангџоу од списокот на 49 клубови пријавени за годинешната кинеска професионална лига.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Гуангџоу, кој претходно го носеше името Гуангџоу Евергранд, освои седум последователни шампионски титули од 2011 до 2017 година и две титули во Азиската Лига на шампиони, 2013 и 2015 година.

Меѓутоа, клубот во 2022 година беше исфрлен во втората лига, откако неговиот мнозински сопственик, компанијата за развој на недвижности Евергранд група, западна во финансиски потешкотии поради колапсот на пазарот на недвижности во земјата.

Последната титула клубот ја освои во 2019 година.

Таа компанија го купи клубот во 2010 година и потроши милиони долари за купување фудбалери, со рекорд на еден азиски клуб од 46 милиони долари за доведување на Џексон Мартинес од Атлетико Мадрид во 2016 година.

Исто така, за според договори беа доведени и тренери меѓу кои се и Марчело Липи, Фабио Канаваро и Луис Фелипе Сколари.

Клубот во 2020 година започна со изградба на нов стадион вреден 1,86 милијарди долари, со капацитет од најмалку 80.000 седишта, но две години подоцна проектот беше откажан, бидејќи компанијата имаше долг од 300 милијарди долари.

Фудбалската федерација на Кина оттогаш воведе строги правила за ограничување на платите и трансферите на играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарен изговор: Артета ја обвини топката за поразот на Арсенал од Њукасл

Њукасл го совлада Арсенал како гостин со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на англис…