Дома Фудбал Потегот на Перишиќ ги воодушеви Холанѓаните: Не носи лента, но е капитен (Видео)

Потегот на Перишиќ ги воодушеви Холанѓаните: Не носи лента, но е капитен (Видео)

Почетокот на сезоната за ПСВ го обележа Иван Перишиќ кој продолжи со извонредната форма од минатата сезона. Иако има 36 години, игра со висок интензитет како во најдобрите периоди на својата кариера. По заминувањето од Хајдук минатото лето, во Ајндховен дојде дури кон крајот на септември, кога сезоната веќе беше во тек, но успеа да го однесе тимот до осминафиналето во Лигата на шампионите и да го освои шампионскиот наслов во завршницата.

Минатата сезона ја одигра на врвно ниво. Имаше вкупно 35 настапи со 16 погодоци и 11 асистенции, а статистиката би била уште подобра доколку не пропушти првите пет кола од првенството и главниот дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Поради тоа, од самиот почеток на оваа сезона ги подобрува бројките.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Во Холандија имаат само пофални зборови за Перишиќ, но не само за головите и асистенциите, туку и за тоа што го направи во 67. минута, кога неговиот соиграч, во тие моменти очигледно разочараниот Исмаел Саибари, ја напушташе играта со наклонета глава. Перишиќ со рака му ја подигна главата на потиштениот соиграч кој не беше задоволен од својата игра.

Видеото може да се погледне ТУКА.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го пушта Зинченко без пари

Одбранбениот играч на Арсенал Олександар Зинченко може да го напушти клубот како слободен …