Дома Фудбал Постојат две причини: Роналдо откри зошто не присуствуваше на погребот на Јота

Постојат две причини: Роналдо откри зошто не присуствуваше на погребот на Јота

Кристијано Роналдо повторно беше гостин во интервју кај Пирс Морган. Интервјуто ќе биде објавено оваа недела, соопшти Морган, кој го направи разговорот од 80 минути со Роналдо во неговиот дом во Саудиска Арабија. Некои делови од интервјуто веќе стигнале до јавноста.

Еден од тие делови е одговорот на прашањето за наводно не присуство на погребот на соиграчот Диого Јота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа ова лето. „Две работи, луѓето многу ме критикуваат. Како што велам, не се грижам за тоа, бидејќи кога ќе почувствувате дека совеста ви е чиста и слободна, не мора да се грижите што велат луѓето”, започна Роналдо.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Но, една од работите што не ги правам е дека по смртта на мојот татко никогаш не сум бил на гробишта”, рече тој и продолжи: “Втора работа, знаете ја мојата репутација, каде што и да одам, настанува циркус. Не одам и затоа што, ако одам, целото внимание се префрла на мене, а такво внимание не сакам.”

„Луѓето можат и понатаму да ме критикуваат, јас со таа одлука се чувствувам добро. Не морам да бидам во прв план за луѓето да ме видат, планирам работи, размислувам за неговото семејство. Не морам да бидам пред камери за луѓето да видат што правам. Тоа го правам зад сцената”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Изгубивме интерес за Лига на шампионите!

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, но сега работи на др…