Дома Фудбал Постигнат договор: Во Барселона наскоро „паѓа“ нов важен потпис!

Постигнат договор: Во Барселона наскоро „паѓа“ нов важен потпис!

Барселона последно време договори неколку потписи на нови договори со млади играчи, а сега редот дојде и на еден од поискусните во клубот.

Каталонскиот клуб неодамна потврди нови договори за млади играчи како Роналд Араухо и Жерард Мартин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во најава се и нови потписи на млади ѕвезди како Педри, Гави, Пау Кубарсија кои се договорија со Барселона, се чека само потврдата.

Барселона така создава одличен залог за иднината, но како што вели старата народна поговорка – искуството не може да се купи.

Сега редот дојде на еден од поискусните играчи во клубот, а тоа е 33-годишниот Иниго Мартинез.

Како што наведува реномираниот спортски новинар Фабрицио Романо, Иниго Мартинез ќе потпише договор до летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најскапото засилување во историјата на Аталанта заминува во Турција

Напаѓачот Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе ја доигра сезоната на позајмица во р…