Манчестер Сити го договори трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, пренесува „Скај Спорт“.
Мармуш може да игра на сите три напаѓачки позиции, што многу му се допаѓа на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Оваа сезона тој има постигнато 18 голови и 11 асистенции во сите натпреварувања.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
За него интерес покажуваа многу европски гиганти, но „граѓаните“ ја победија конкуренцијата и веќе го договорија трансферот.
Сити за неговиот потпис ќе плати 70 милиони евра со вклучени бонуси, а трансферот треба да биде комплетиран во следните 48 часа.
🚨 Manchester City are pushing to complete the signing of Omar Marmoush in the next 48 hours.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2025
(Source: @SkySportDE) pic.twitter.com/TT389wVAVT