Дома Трансфер зона Постигнат договор: Гвардиола добива напаѓач од 70 милиони

Постигнат договор: Гвардиола добива напаѓач од 70 милиони

Манчестер Сити го договори трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, пренесува „Скај Спорт“.

Мармуш може да игра на сите три напаѓачки позиции, што многу му се допаѓа на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Оваа сезона тој има постигнато 18 голови и 11 асистенции во сите натпреварувања.


За него интерес покажуваа многу европски гиганти, но „граѓаните“ ја победија конкуренцијата и веќе го договорија трансферот.

Сити за неговиот потпис ќе плати 70 милиони евра со вклучени бонуси, а трансферот треба да биде комплетиран во следните 48 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…