
Фудбалерите на Нотингем Форест успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лига Европа, иако синоќа на домашен терен беа поразени од Фенербахче (1:2). Сепак, благодарение на победата во првиот натпревар успеаја да продолжат понатаму. Во центарот на вниманието се најде Калум-Хадсон Одои поради неговата прослава пред навивачите на турскиот гигант, која се претвори во предмет за коментар.
Англискиот тим на тежок начин, но сепак успеа да се пласира во осминафиналето на Лига Европа, најмногу поради тоа што пред една недела во Истанбул забележа убедлива победа со 3:0.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Фенербахче имаше обид синоќа во Нотингем да се врати во играта и речиси успеаја, бидејќи гостите од Истанбул поведоа со 2:0, но потоа Форест постигна гол кој одлучи се.
Гостите одлично го отворија натпреварот и во 22. минута поведоа со 1:0 кога Актуркоглу постигна гол за Фенербахче. Истиот играч беше во центарот на вниманието и во 48. минута кога од пенал стрелаше за 0:2, предизвикувајќи големо славје меѓу навивачите на гостите.
Меѓутоа, 20 минути подоцна Форест успеа да го постигне голот кој на крајот го реши овој двомеч во полза на англискиот клуб.
Целото внимание беше насочено кон резервистот Одои кој по додавање на Ајна ја затресе мрежата на Фенербахче за 1:2, но она што го направи потоа стана главна тема на социјалните мрежи.
Фенербахче имаше голема поддршка од своите навивачи синоќа во Нотингем, а Одои по постигнувањето на голот, одлучи да го прослави токму пред нивната трибина.
Поранешната ѕвезда на Челси се упати кон навивачите на Фенербахче и сакаше во стилот на Тиери Анри да се излизга на колена, меѓутоа не се прослави..
Forest (1)-2 Fenerbahce – Callum Hudson-Odoi 68′
by u/977x in soccer