Дома Останати Кошарка После осум години Фенербахче е новиот европски првак во кошарка

После осум години Фенербахче е новиот европски првак во кошарка

Кошаркарите на Фенербахче се новите европски шампиони, откако во неделата во финалето на Фајнал Фор во Абу Даби, ОАЕ, го победија Монако со 81:70.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот гигант ја освои втората титула во историјата, а најзаслужен за триумфот беше српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ.

Гудуриќ се истакна со 19 поени, имаше и пет скокови, пред сè со одлична улога во третата четвртина и клучна тројка во финишот.

Најџел Хејс-Дејвис постигна 23 поени, а Вејд Болдвин и Девон Хол по 13 поени.

За францускиот клуб, Алфа Дијало постигна 19, Мајк Џејмс 17, а Матие Стразел 13 поени.

Претходно во натпреварот за третото место Олимпијакос во грчкиот дуел со 97:93 славеше над Панатинаикос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…