Дома Останати Кошарка После осум години Фенербахче е новиот европски првак во кошарка

После осум години Фенербахче е новиот европски првак во кошарка

Кошаркарите на Фенербахче се новите европски шампиони, откако во неделата во финалето на Фајнал Фор во Абу Даби, ОАЕ, го победија Монако со 81:70.

Турскиот гигант ја освои втората титула во историјата, а најзаслужен за триумфот беше српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гудуриќ се истакна со 19 поени, имаше и пет скокови, пред сè со одлична улога во третата четвртина и клучна тројка во финишот.

Најџел Хејс-Дејвис постигна 23 поени, а Вејд Болдвин и Девон Хол по 13 поени.

За францускиот клуб, Алфа Дијало постигна 19, Мајк Џејмс 17, а Матие Стразел 13 поени.

Претходно во натпреварот за третото место Олимпијакос во грчкиот дуел со 97:93 славеше над Панатинаикос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс по 22. пат избран за ол-стар натпреварот во НБА лигата

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, изминатата ноќ по 22-ри пат последователн…