Дома Фудбал Португалското чудо од дете ја „излуде“ Европа, неговата цена е 100 милиони евра

Португалското чудо од дете ја „излуде“ Европа, неговата цена е 100 милиони евра

Родриго Мора, фудбалер роден 2007 година, оваа сезона го привлекува вниманието на јавноста со своите настапи во дресот на Порто, еден од најугледните португалски клубови. Своите први фудбалски чекори ги направи токму во младинскиот погон на Порто, а веќе на 16 години дебитираше за првата екипа.

Во 2023 година беше прогласен за најдобар млад играч на клубот, што му овозможи поголема улога во сениорската екипа. И покрај тоа што сè уште има само 17 години, оваа сезона има забележано 25 настапи, постигна шест гола и додаде три асистенции.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со оглед на тоа дека станува збор за средношколец со овие резултати, тие се навистина импресивни и зборуваат за неговиот потенцијал. Таквите игри не останаа незабележани, па интерес за младиот Португалец веќе покажуваат бројни англиски клубови.

Порто реши да реагира и потпиша нов договор со него во кој е определена откупна клаузула од дури 100 милиони евра. Тоа значи дека сите заинтересирани треба да вложат извонредно високи средства за да го ангажираат.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел во текот на летото да ја промени средината, а как…