Дома Фудбал Португалски таблоид предизвика хаос со насловната страница: „Вдовицата на Жота и неговиот најдобар пријател се…“

Португалски таблоид предизвика хаос со насловната страница: „Вдовицата на Жота и неговиот најдобар пријател се…“

Насловната страница на португалскиот весник TV Guia предизвика голем скандал, а во центарот на вниманието е португалскиот фудбалер на Ал-Хилал, Рубен Невеш, кој беше многу близок пријател на трагично починатиот Диого Жота.

Имено, овој весник на насловната страница ги стави Невеш и Руите Кардосо, вдовицата на Жота, тврдејќи дека имале афера.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Рубен Невеш и Руите. Обединети по смртта. Како што се потпрела вдовицата на неговиот најдобар пријател”, гласи насловот под фотографијата на која двојката е прикажана како да се подготвуваат за бакнеж.

Се верува дека фотографијата е направена само момент пред тие двајцата да се прегрнат и пријателски да се бакнат во образ, но очигледно таблоидот сакал да ги збудали работите и сето тоа да го претстави на друг начин.

“Добар ден. Секогаш верувам во доброто кај луѓето. Ме предупредиле повеќе пати да не го правам тоа, и претходно знаев дека сум во грешка, никогаш на никого не му посакувам зло.

– Мојата сопруга, Дебора Лоуренсо, и јас сме заедно повеќе од 11 години, среќни, со семејство кое ме прави горд. Во 11 години никогаш не сме биле вклучени во никаква контроверзија. Дадовме сѐ од себе за да помогнеме на Руите и нејзиното семејство на најдобар можен начин”, изјави Невеш.

“Јас ја почитувам тоа што секој има своја работа, ја почитувам тоа што секој сака да даде се од себе, но не ги почитувам оние кои не ги почитуваат другите,” заклучи на крајот репрезентативецот на Португалија.

Како што стојат работите, Невеш веднаш покренал правна постапка и сака да го тужи уредништвото на португалскиот весник кое на најлош можен начин се обидело да дојде до тираж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека нема да го менува голманот за …