
Крајот на преодниот рок за оваа зима се приближува, а Топчиите по поразот од Манчестер Јунајтед на „Емирејтс“ сакаат да доведат три нови засилувања.
Кон крајот на минатата година, Микел Артета јасно изјави дека Арсенал „активно ќе бара” потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Преодниот рок, мислам, ние сме Арсенал и мора да бараме засилувања. Мораме активно да бараме, а потоа, дали можеме да го сториме тоа или не, e друга работа.”
До сега беше мирен период за Арсенал, а единствената активност беа заминувањата на играчите од Лондон.
Зинченко замина во Ајакс на позајмица до крајот на сезоната, додека Нванери остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Марсеј.
Во последно време, Арсенал се поврзува со доведувањето на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џулијан Алварез, но тој трансфер би можел да се реализира дури следното лето.
Кога е збор за “метите” на Арсенал до крајот на јануарскиот преоден рок, Топчиите сакаат три засилувања за кои веруваат дека би можеле да им помогнат во борбата за титулата.
Прв е Виктор Валдепенас од Реал Мадрид, кој оваа сезона дебитираше во сениорскиот тим на овој клуб и тоа во победата против Алавес од 2:1.
Станува збор за разновиден левоног дефанзивец кој може да игра и на позиција на централниот бек и на позиција на лев бек.
Повремено оваа сезона, фудбалерот за врска Кристијан Норгард беше принуден да игра како стопер, така што доаѓањето на Валдепенас би значело засилување пред сè на таа позиција.
Деветнаесетгодишникот има откупна клаузула од 50 милиони евра, а според тврдењата на BBC, внатрешни разговори за потенцијалниот трансфер веќе се одржани.
Уште едно засилување кое го сака Артета е крилен играч, а наводно Шпанецот сака да доведе на заем играч на Ал Шабаб, Јаник Караско.
Овој играч е следен од бројни клубови, а еден од нив е Рома, но јасно е дека попривлечна локација за него би била Арсенал и Лондон.
Конечно, третото засилување кое Артета го сака овој јануари е поранешниот врзен играч на Вулверхемптон, Рубен Невес.