Дома Фудбал Порано беше на врвот на светот, а сега „се дави“ во долгови: Легендата на Ливерпул должи милион и пол фунти

Порано беше на врвот на светот, а сега „се дави“ во долгови: Легендата на Ливерпул должи милион и пол фунти

Сите кои во 80-тите и 90-тите години го следеа англискиот фудбал и Ливерпул знаат кој е Џон Барнс. Беше еден од најдобрите крилни играчи на Островот во своето време и беше на „врвот на светот“, а сега животната ситуација е потполно поинаква за него.

Џон Барнс ја започна својата сениорска кариера уште во далечната 1981 година во редовите на Вотфорд. Таму остана шест години и го изгради своето фудбалско име, што и успеа.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


За Вотфорд одигра 233 натпревари и постигна 65 голови, што му обезбеди трансфер во Ливерпул.

Сите кои ги сакаат „црвените“ и барем малку ја познаваат историјата на овој клуб знаат кој е Барнс.

Тој на Енфилд помина дури десет години и беше еден од најдобрите крилни играчи на Островот.

Во црвениот дрес одигра 314 натпревари и успеа да се запише на листата на стрелци со завидни 84 погодоци.

По завршувањето на играчката кариера, почна да се занимава со тренерска работа, но тука не беше толку успешен како кога беше играч.

Од клупата го предводеше Селтик, репрезентацијата на Јамајка и Транмер Роверс, а помеѓу ангажманите правеше големи паузи.

Очигледно дека кон тренерската работа немаше страст како кон играњето фудбал, па одлучи повеќе да не се занимава со тоа.

Во последниве неколку години се занимаваше со разни активности, а знаеше да се впушти и во политичките води.

Сега, кога неговите денови на слава се далеку зад него – води тешки животни борби кои се однесуваат главно на финансиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул во сериозен проблем пред дербито со Челси

Ливерпул не само што загуби бодови од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите,…