Дома Фудбал Поранешен играч на Барселона едвај побегнал од Иран – авионот не можел да полета, па се возел 16 часа!

Поранешен играч на Барселона едвај побегнал од Иран – авионот не можел да полета, па се возел 16 часа!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Мунир Ел Хадади, успеа да излезе од Иран по воздушните напади кои беа извршени од САД и Израел во саботата, и кои предизвикаа значителен хаос во земјата. Неговото рутинско патување се претвори во борба со времето да стигне на сигурно.

Луѓето близу до Мунир за шпанската Марка ги опишаа настаните како сцени од филм:

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


“Мунир беше веќе во авионот, подготвен за полетување заедно со Иван Санчез. Сè беше спремно, но во последен момент дојде наредбата: ‘Излезете, има воздушни напади’. Мораше да го напушти авионот, летот беше откажан и плановите пропаднаа.”

Со цел да го напушти Иран, клубот обезбеди возач за Мунир и тој отпатува 16 часа со автомобил до турската граница.

“Целосен хаос”, коментираа извори. Во моментов е во Турција, а следниот чекор му е враќањето во Шпанија.

“Добро е и безбедно”, соопштуваат. Иранската лига е суспендирана, а ситуацијата останува неизвесна.

Мунир не е единствениот шпански играч во иранската лига. Голманот Антонио Адан и Иван Санчез, исто така се дел од таа лига. На Шпанците кои се уште се во Иран, министерството за надворешни работи на Шпанија им препорача да ја напуштат земјата додека ситуацијата не се стабилизира.

Шпанската фудбалска федерација активираше кризен штаб за да им помогне на тренерите, играчите и персоналот во регионот, при што отвори посебен канал за комуникација и координација со амбасадите и локалните федерации.

Бројот на жртви во конфликтот е застрашувачки. Според официјалната иранска агенција ИСНА, најмалку 200 лица загинаа, а 747 се повредени во нападите на Техеран и други градови.

Во текот на својата кариера, Мунир Ел Хадади играше за Барселона, Валенсија, Хетафе, Севиља, Лас Палмас, Леганес, Алавес, а од 2025 година е член на иранскиот Естехлал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Побара дрес од Нејмар, па си направи проблеми: Сериозно мислиш дека не знаеме каде живееш?

Десниот бек на бразилскиот клуб Васко да Гама, Пауло Енрике, стана цел на бесни навивачи п…