
Украинскиот портал Sport Arena денеска објави интересни вести за голманот Артур Рудко, кој е поранешен член на Шахтјор од Доњецк и бил фатен во обид да ја напушти Украина.
Рудко, заедно со тројца возрасни мажи и едно малолетно дете, нелегално се обидел да ја напушти земјата, но планот не му успеал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тие биле спречени на границата со Молдавија од страна на украинските гранични власти кои ја разбиле нивната намера да ја напуштат земјата нелегално.
Го памтите ли Артур Рудко?
— BuckarooBanzai (@Buckarobanza) Септември 16, 2025
❗️Поранешниот голман на Динамо, Шахтјор, Лех и Чорноморец беше задржан при обид за нелегално преминување на границата — објави Sport Arena
❗️Сега обучува основна воена обука во еден од украинските тренинг центри… pic.twitter.com/7MM2ES9IrL
Се дозна дека секој од возрасните во групата платил по 8.000 долари за да ја напушти земјата, но нивната замисла се урнала.
Наводно, Рудко по неуспешниот обид бил испратен на воена обука и сега го очекува учеството во воените операции, каде ќе биде дел од украинската армија која се спротивставува на рускиот агресор.
Рудко е на 33-годишна возраст, а последната работа во својата фудбалска кариера ја имаше во Чорноморец, кој го напушти во јануари годинава.
Покрај Шахтјор, го бранеше и голот на Металист, Динамо Киев и Говерла, како и за полскиот Лех и кипарскиот Пафос. кој сезонава се натпреварува во Лигата на шампионитте.
Иако бил повикуван во украинската репрезентација, никогаш не го запиша своето име на репрезентативниот бележник.