
Абдеслам Уаду, некогашната ѕвезда на мароканскиот фудбал koj остави трага во англиската Премиер лига, се соочи со несреќа додека несебично се обидуваше да помогне на жртви од сообраќајна несреќа.
Уаду (46) беше истакнат играч на Фулам, каде што играше четири години во рамките на Премиер лигата. По завршувањето на неговата играчка кариера, моментално е тренер на Орландо Пајратите во Јужноафриканската Република.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Таму, при враќање од натпревар, доживеа сериозна несреќа кога го удрил камион додека се обидувал да помогне на жртва од една сообраќајна несреќа на истото место.
Уаду веднаш беше пренесен во болница заедно со уште пет лица кои се обидуваа да помогнат. Овие лица се дел од стручниот штаб на клубот.
“Орландо Пајратит можат да потврдат дека главниот тренер Абдеслам Уаду и пет члена на клубскиот персонал беа вмешани во сообраќајна несреќа во недела навечер”, се вели во соопштението од клубот.