Дома Фудбал Поранешен фудбалер од МЛС шокираше: Не одете во Интер Мајами додека е Меси таму, ужасно и страшно – сите заминуваат!

Поранешен фудбалер од МЛС шокираше: Не одете во Интер Мајами додека е Меси таму, ужасно и страшно – сите заминуваат!

Поранешниот полски репрезентативец и екс фудбалер во Д.C. Јунајтед и Атланта Јунајтед во МЛС Матеуш Клич, изјави дека Интер Мајами станал “ужас” за играчите и стручното раководство, бидејќи таткото на Лионел Меси “практично го раководи клубот”, а на стадионот на Чејс ништо не се случува без “нивната согласност”. Меси пристигна во САД во 2023 година откако ја напушти ПСЖ.

Неговиот статус и огромната маркетиншка вредност му дадоа големо влијание во Јужна Флорида од самиот почеток. Осумкратниот добитник на Златната топка веднаш остави значителен белег на теренот, освојувајќи ги Лиг Купот, Шилд на поддржувачите и наградите за најдобар играч, додека надвор од теренот стана магнет за навивачите низ САД.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Клич, сега играч на Краковија, смета дека Меси и неговото семејство имаат преголемо влијание во Мајами.

“Не го препорачувам Мајами додека Меси е таму. Тоа е страшно, луѓето заминуваат, тренери и физиотерапевти се повлекуваат. Организацијата е лоша. Таткото на Меси практично го води клубот. Сите зборуваат шпански и ништо не може да се направи без нивната согласност. Клубот е оддалечен 45-50 минути од Мајами”, изјави Клич за Foot Truck, а објави фудбалскиот портал Goal.

Меси за Интер Мајами одигра 76 натпревари постигнувајќи 64 гола и 31 асистенција. Наскоро се очекува да потпише нов, повеќегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар се запрепасти по доделувањето на „Златната топка“ – веднаш испрати порака!

Нејмар одлучи јавно да ги повика луѓето кои гласале на изборот за Златната топка во 2025 г…