
Во 35. коло на шпанската Ла Лига, Барселона на домашен терен во неверојатен натпревар го победи Реал Мадрид со 4:3 и направи чекор поблиску до освојувањето на титулата. Иако имаше две асистенции, Винисиус Жуниор се најде под критики по натпреварот.
Бразилската ѕвезда пак го привлече вниманието со своето однесување. Винисиус се жалеше на повреда на зглобот, и во 75-та минута прво бараше замена, за потоа брзо да му покаже на Карло Анчелоти, кој веќе го подготви Ендрик, дека сепак не сака да излезе од игра. На крајот, Ендрик влезе наместо Лукас Васкез, а на позицијата на десен бек мораше да се пресели Федерико Валверде, кој му сугерираше на Анчелоти дека повредениот Винисиус сепак треба да излезе. Анчелоти на крајот го замени Бразилецот во 88-та минута.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
За Винисиус по натпреварот зборуваше Алваро Бенито, поранешен фудбалер на Реал и поранешен тренер на младинските категории во мадридскиот клуб. „Подобро да не зборуваме за тоа што го направи Винисиус. Тоа е срамота, тоа е срамота”, изјави тој и продолжи:
„Тренерот кој ќе дојде има полни раце работа, ќе мора да го промени менталитетот на некои играчи. Не можеш да играш фудбал како Винисиус, да се браниш само со погледот, да избегнуваш враќање, да не го покриваш противникот, да не вршиш притисок… Изведбата на Винисиус беше слична на онаа на Родриго во финалето на Кралскиот куп. Тој е очаен.”
Фото: Grok AI