
Поранешниот дефанзивец на Виган, Рони Стам (40), може да се најде зад решетките дури 13 години, откако во Холандија против него се води постапка за наводно учество во шверц на големо количество кокаин од Јужна Америка во Европа.
Холандските медиуми известуваат дека Стам, кој од 2010 до 2013 година играл за Виган и бил дел од тимот што го освоил ФА Купот во 2013 година (иако не играл во финалето против Манчестер Сити), сега е под сериозни обвиненија кои можат да му ја нарушат слободата до 2038 година.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
На судењето во Бреда, присуствувал и неговиот брат Руди (43), кој исто така е обвинет за учество во шверцот. Обвинителството тврди дека браќата биле ангажирани во транспорт на кокаин во текот на 2020 и 2021 година, а главниот доказ се наводно пораки од криптирани телефони со фотографии од блокови на кокаин.
Обвинителот предложил затворска казна од 13 години за Рони Стам и парична глоба од дури 1,7 милиони евра (околу 1,5 милиони фунти). Неговиот брат Руди може да добие повеќе од шест години затвор, исто така со идентична финансиска казна.