Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Ливерпул банкротираше, сега го спасија Арапите!

Поранешен фудбалер на Ливерпул банкротираше, сега го спасија Арапите!

Поранешниот фудбалер за врска Ливерпул и Њукасл, Дени Гатри (38), е назначен за нов технички директор на фудбалската академија Ал Хадха во Обединетите Арапски Емирати. Оваа нова улога го чека 38-годишникот три години откако прогласи банкрот. The Sun.

Гатри остана без финансии откако не успеа да му ја врати позајмицата од 100.000 фунти (115.000 евра) на својот пријател. Овие средства му ги обезбеди бизнисменот Крис Хит за да му помогне при купување на дом, но долгот никогаш не бил вратен, дури и по продажбата на недвижноста. Хит изјави дека се чувствува „значително изневерено”.

Поранешнатазвезда на Ливерпул, кој што ја помина младинската школа на Манчестер Јунајтед, со својот талент го привлече вниманието на Њукасл. Во 2008 година, клубот го ангажира за 2,5 милиони фунти (2,8 милиони евра) и тој одигра над 100 натпревари за нив.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, наредните години во кариерата на Гатри не беа толку успешни. Пред да замине во пензија како играч и да се соочи со финансиски проблеми, Гатри играше уште во Индонезија и Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Ренџерс пресреќен поради двата гола на Миовски (Видео)

Бојан Миовски одигра блескав натпревар во дресот на Ренџерс, постигнувајќи два погодоци во…