
Миа Винворд-Дан, 19-годишната Англичанка и ќерка на поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Дан, заработува за живот со креирање содржина на платформа за возрасни.
Таа вели дека само од претплати месечно заработува околу 115.000 евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
И покрај нејзиниот финансиски успех, Миа поминува низ тежок емоционален период, бидејќи нејзините родители, откако дознале со што се занимава, решиле целосно да ја исклучат од својот живот.
“Сакав да се поврзам повторно со татко ми, но во телефонски разговор ме нарече ку*ва. Родителите се откажаа од мене и не сакаат да имаат никаква врска со мене. Им кажав дека ми е жал и дека тоа што го правам не значи дека сум лоша личност”, изјави Миа за англиските медиуми.
Занимавањето со оваа работа започнала пред една година, а родителите на почетокот не знаеле што прави. Кога им кажала, го прекинале секој контакт со неа. Иако тоа ја погодува длабоко, Миа вели дека има намера да ги следи своите соништа.
“Им испратив порака, се извинив и објаснив дека немав лоша намера. Ги сакам своите родители. Можеби тие мене не ме сакаат, но јас нив ги сакам со сето срце. Не мислам дека е исправно да се откажат од своето дете поради ова. Имам 19 години и решив да направам нешто свое,” рече Миа.
Нејзиниот татко, Дејвид Дан (45), е поранешен англиски репрезентативец со еден настап за националниот тим. Најголем дел од кариерата ја помина во Блекбурн Роверс, каде што од 2007 до 2015 година одиграл дури 180 натпревари во Премиер лигата.