Дома Фудбал Поради Рудигер Реал Мадрид крши правило кое важеше и за Модриќ

Поради Рудигер Реал Мадрид крши правило кое важеше и за Модриќ

Реал Мадрид има правило според кое на фудбалерите постари од 30 години, па дури и ако тие се легенди на клубот да не им дава договори на една година.

Поради тоа и Лука Модриќ во последните години потпишуваше таков договор. Во Реал се јасни – легендите можат да останат и откако ќе влезат во четвртата деценија, но не за подолг договор.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, германскиот инсајдер Кери Хау пренесува дека Реал е подготвен да го прекрши правилото поради Антонио Рудигер кој минатиот месец наполни 32 години.

Без оглед на годините според овој извор, Реал е подготвен да му понуди договор на две или три години.

Дефанзивецот има голема понуда од Саудиска Арабија, но се уште игра одлично и во Реал каде што е клучен играч во одбраната, па поради тоа „кралевите“ не сакаат да останат без него.

Во редовите на Реал пристигна летото 2022 година како слободен играч и од тој момент одигра 145 натпревари и постигна седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Арсенал го потврдија првиот од неколкуте очекувани трансфери

Арсенал официјално го потврдиа привлекувањето на крилото Нони Мадуеке од Челзи. Фудбалерот…