Дома Фудбал Поради Аморим го напушти Јунајтед, а сега јавно го „прослави“ неговиот отказ

Поради Аморим го напушти Јунајтед, а сега јавно го „прослави“ неговиот отказ

Откако Манчестер Јунајтед објави дека Рубен Аморим е отпуштен, реакциите не изостанаа. Меѓу првите кои се огласија на сликовит начин беше Алехандро Гарначо, поранешен играч на „Црвените ѓаволи“, кој ги напушти поради Аморим. Аргентинецот не го криеше задоволството од заминувањето на португалскиот стратег, завршувајќи едно неуспешно 14-месечно патешествие на клупата на Јунајтед, јавува Goal.com.

Аморим го презеде Јунајтед во ноември 2024 година со јасна визија – воспоставување на систем 3-4-3 кој му донесе успеси во Спортинг. Сепак, таа формација се покажа како погубна за неколку крилни играчи на Јунајтед. Ѕвезди како Антони, Маркус Рашфорд и Џадон Санчо постепено изгубија позиции и сега играат надвор од Манчестер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Слична судбина го снајде и Гарначо. Иако беше продукт на прочуената клупска академија, 21-годишникот не успеа да се пробие под водството на Португалецот, а кон крајот на сезоната 2024/25 стана јасно дека нема иднина во клубот.

Епилогот на оваа ситуација беше трансферот во Челзи за 45 милиони евра, каде Гарначо бараше нов почеток. Иако го прифати предизвикот на Стамфорд Бриџ, тој продолжи да го следи развојот во поранешниот клуб. Неговото незадоволство достигна врв по поразот на Јунајтед од Тотенхем со 1:0 во финалето на Лига Европа 2025 година.

“До финалето играв во секој круг помагајќи на тимот, а денес играм 20 минути, не знам. Финалето ќе влијае на мојата одлука, но и целата сезона, ситуацијата во клубот. Ќе се обидам да уживам во летото и да видам што ќе се случи понатаму,” изјави тој на време.

Неговиот брат Роберто дополнително ја вжешти ситуацијата со објава на социјалните мрежи: “Работеше како никој друг, помагаше во секој круг, внесувајќи два гола во последните две финалиња, само за да биде на теренот 19 минути и потоа фрлен под автобус.”

Дека Гарначо не го заборавил конфликтот со Аморим, потврди неговата активност на социјалните мрежи. Навивачите брзо забележаа дека аргентинскиот фудбалер го „лајкнал“ објавувањето на трансфер гуруто Фабрицио Романо за отказот на португалскиот тренер.

При доаѓањето во Челзи, Гарначо ја објасни својата одлука за напуштање на Јунајтед: “Понекогаш во животот мора да промениш одредени работи за можеби да направиш чекор напред или да се подобриш како играч. Тоа беше вистинскиот момент, а и вистинскиот клуб, па затоа одлуката беше лесна.”

Посебно ја истакна важноста на довербата од тренерот, тогаш Енцо Мареска: “Разговарав со [Мреска, пред доаѓањето], ми објасни сè. Сега, работејќи заедно, мислам дека ни оди добро, а со времето ќе се подобриме. Тој ми верува. Значи, тоа е најважното – имаме доверба и ќе се подобриме.”

Иронично, Гарначо веќе не соработува со Мареска, затоа што и италијанскиот тренер доби отказ на почетокот од 2026 во Челзи. Очекува се дека клупата на „Сините“ ќе ја преземе поранешниот тренер на Дерби и Хал Сити, Лиам Розениор.

Во Манчестер Јунајтед, тимот привремено ќе го води Дарен Флечер. Интересно, токму името на Енцо Мареска сега се споменува како еден од кандидатите за жешката клупа на Олд Трафорд, што би му овозможило експресно враќање во англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлошиот кошмар се оствари за Алонсо: Големи проблеми за Реал Мадрид

Несреќите продолжуваат да го следат првиот човек на клупата на Реал Мадрид, а сега пред го…