Дома Фудбал Понуда од милијарда евра пристигна во Торино, но одговорот е веќе познат!

Понуда од милијарда евра пристигна во Торино, но одговорот е веќе познат!

Торинскиот гигант Јувентус е во центарот на финансиска приказна со потенцијал да го промени од почеток до крај. Се најавува понуда вредна повеќе од милијарда евра, но реакцијата од сопствениците јасно покажува дека разврската сè уште е далеку.

Криптокомпанијата Tether, позната по својот глобален stablecoin USDT, изразила официјален интерес за преземање на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според достапните информации, Tether понудил околу 1,1 милијарда евра за купување на мнозинскиот пакет акции во клубот од Торино.

Целта на оваа понуда е преземање на 65,4% од акциите кои сега се под контрола на Exor, холдинг компанијата на семејството Ањели.

Планот на криптокомпанијата е јасен и амбициозен – по преземањето на мнозинскиот пакет, би следувала јавна понуда за останатите акции по иста цена.

Tether за уделот на Exor понудил 2,66 евра по акција, што би претставувало значителна финансиска инјекција за семејството Ањели.

Покрај самата купопродажба, криптокомпанијата најавила дополнителни инвестиции во вредност од околу милијарда евра за понатамошен развој на Јувентус, доколку се финализира зделката.

Клучен момент во целата приказна е фактот дека Tether веќе поседува повеќе од десет проценти од акциите на Јувентус.

Тоа ја прави оваа компанија вториот најголем акционер во клубот, веднаш зад Exor, што ја зголемува тежината на нивната понуда.

Клучниот поддржувач на Tether во настојувањата за целосно преземање на управувачката структура на Јувентус е извршниот директор Паоло Ардојно.

Ардојно, кој е долгогодишен навивач на торинскиот клуб, повеќепати јавно ја посочил желбата Јувентус да добие нова, модерна финансиска визија.

Меѓутоа, од Exor брзо и јасно одговорија на овие најави.

Тие изјавија дека Јувентус во моментов не е на продажба и дека семејството Ањели нема намера да се откаже од контролниот пакет акции.

Со тоа, понудата на Tether, барем за сега, е отстранета и прогласена за неприфатлива.

Семејството Ањели сака да задржи контролата над клубот, без оглед на понудената сума.

Да се реализираше таквата зделка, ќе се случеше историски преседан во италијанскиот фудбал.

Еден од најтрофејните клубови во Европа би преминал во раците на голема криптокомпанија, што би означило нова ера на сопственичка структура.

Сепак, засега Јувентус останува под контрола на Exor, а приказната останува отворена како потенцијална тема за идни финансиски битки.

Едно е јасно – понудата вредна повеќе од милијарда евра покажува колку е Јувентус сè уште глобално атрактивен клуб, дури и во времиња кога се соочува со бројни предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taжен крај: Поранешната ѕвезда на Челси поради проблеми со срцето ја заврши кариерата

Поранешниот играч од средината на теренот на Челси, Оскар, е принуден да ја заврши својата…