Дома Фудбал Полскиот селектор поднесе оставка по конфликтот со Левандовски

Полскиот селектор поднесе оставка по конфликтот со Левандовски

Тренерот на полската фудбалска репрезентација Михал Пробјеж објави дека се повлекува од оваа позиција „заради доброто на тимот“.

Оваа неочекувана одлука дојде по јасниот конфликт меѓу Пробјеж и најголемата ѕвезда на репрезентацијата, Роберт Левандовски, како и по поразот од Финска (1:2) во вторникот.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Сфатив дека во оваа ситуација најсоодветно за доброто на екипата е моето повлекување од селекторската позиција“, напиша Пробјеж на платформата X, изразувајќи благодарност до своите соработници, играчите, навивачите и репрезентацијата.

Во неделата Пробјеж ја одзеде капитенската лента на Роберт Левандовски, ѕвездата на полскиот тим и Барселона.

Кратко потоа, Левандовски објави дека ќе ја напушти репрезентацијата ако Пробјеж остане на позицијата селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милнер руши рекорд во Премиер лигата

Џејмс Милнер договори едногодишно продолжување на договорот со Брајтон, објави клубот дене…