Дома Фудбал Полицијата истражува „намерно“ добиен жолт картон

Полицијата истражува „намерно“ добиен жолт картон

Фламенго го поддржа својот фудбалер Бруно Енрике, откако федералната полиција го обвини дека намерно добил жолт картон на натпревар.

Бразилските медиуми пренесоа на почетокот на неделата дека Бруно Енрике е обвинет дека намерно добил жолт картон на првенствен натпревар во 2023 година против Сантос, за членовите на неговото семејство да профитираат од тоа на вебсајт за обложување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тренерот Филипе Луис изјави дека 34-годишниот фудбалер, кој има одиграно два натпревари за репрезентацијата на Бразил, треба да се смета за невин.

Федералната полиција на Бразил минатата година потврди дека го истражува Бруно Енрике. Фудбалерот не коментираше за тоа.

Извештаите покажале наводна размена на пораки помеѓу фудбалерот и членовите на неговото семејство, во кои тој рекол дека ќе добие жолт картон против Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналд Куман: Некогаш на „Камп Ноу“ противниците страдаа, а сега…

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите гледишта за сегашната сос…