
Пол Погба, фудбалерот на Монако, изминатата недела стана акционер во професионален тим за трки со камили, вест која привлече жестоки критики од организацијата “People for the Ethical Treatment of Animals (PETA)”, меѓународно здружение за заштита на животните.
Во своето соопштение, оваа организација му сугерира на играчот од средниот ред на Монако да размисли за алтернатива и да се занимава со хоби какво што е јавање со стапчиња.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
– Ова е спорт во кој учесниците симулираат јавање на коњи, користејќи се дрвени коњчиња, кои исто така можат да бидат и дрвени камили. Оваа активност е креативна, инклузивна и забавна, и не вклучува никаква експлоатација на животните – велат од PETA и додаваат:
– Пол Погба често зборува за жртвување во спортот. Фудбалот бара дисциплина, труд и личен избор за учество. Во трките со камили, жртвите се невините суштества кои се принудени да трчаат, често со лишувања и насилство, и кои немаат пријатно пензионирање, остануваат напуштени или убиени кога повеќе не се доволно брзи.
Да потсетиме, Погба се врати на теренот кон крајот на ноември по двегодишна суспензија за допинг.