Дома Фудбал Останато Пол и Џошуа во еден момент го налутија судијата: Навивачите не платија за вакво „„ср*ње! (Видео)

Пол и Џошуа во еден момент го налутија судијата: Навивачите не платија за вакво „„ср*ње! (Видео)

Некогашниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда, но првите четири рунди наликуваа на сѐ освен на бокс меч.

Пред мечот, боксерите се договорија рингот да биде поголем од стандардниот, така што наместо во ограничен простор 4,9 со 7,3 метри, тие се бореа во ринг со димензии 6,7 со 6,7 метри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пол ја искористи таа предност во првите четири рунди со тоа што речиси бегаше од Џошуа и се обидуваше да го избегне со користење на јажето. На крајот од четвртата рунда, судијата Кристофер Јанг изгуби трпение со нивното однесување и ги повика на краток разговор.

“Слушајте, фановите не платија за да гледаат оваа глупост. Ако сте тука за борба, борете се,” им рече Јанг.

Овој говор на судијата се покажа како клучен момент во борбата, бидејќи во петтата рунда Џошуа два пати го испрати Пол во нокдаун, во шестата уште еднаш. Кога Американецот успеа да се стабилизира и продолжи со мечот, Џошуа направи неверојатна серија завршувајќи со десен директ, со што го нокаутираше Пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од македонските олимпијци паднал на допинг!

Македонскиот олимписки комитет вчера на прес-конференција ги соопшти имињата на спортистит…