Дома Фудбал Покетино сака да се врати во Премиер лигата: Ми недостига англискиот фудбал

Покетино сака да се врати во Премиер лигата: Ми недостига англискиот фудбал

Маурисио Покетино, селектор на Соединетите Американски Држави, кој се поврзува со менаџерските позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед, призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата.

Аргентинецот досега има водено три екипи во врвот на англискиот фудбал – Саутемптон, Тотенхем и Челзи. Според шпекулациите, по Светското првенство ова лето, може да го напушти сегашниот ангажман и да се врати на Островот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Ја сакам земјата и нејзината култура, особено фудбалската култура. За секого што има натпреварувачки дух и сака да ги тестира своите способности, ова е одлично место. Потребно е да се даде сè од себе – изјави Покетино во интервју за “Екип”.

Покетино, исто така, потврди дека имал контакт со Тотенхем за можен повраток само шест месеци по преземањето на Пари Сен Жермен во 2021 година.

– Не беше само Тотенхем. Имаше и други големи клубови кои пројавија интерес. По таа шестмесечна сезона, поради ситуацијата со коронавирусот, постоеше одредена нестабилност во клубот. Иако уживав во искуството во Пари Сен Жермен, имав други опции кои ги претставив пред клубот. Сепак, тие одлучија да не ги прифатат ниедна од нив – додаде Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една…