Поминаа четири години откако Микел Артета (42) ја презеде клупата на Арсенал, клубот во кој неколку години претходно ја заврши играчката кариера во улога на капитен.
Баск знаеше дека сака да стане тренер и кога ги „закачи копачките“ првпат се приклучи на добро воспоставениот систем на Манчестер Сити.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Таму ја имаше улогата на еден од помошниците на Пеп Гвардиола и на тој начин го усоврши својот тренерски занает под менторство на најуспешниот тренер во поновата историја на Премиер лигата.
По завршувањето на 22-годишната ера на Арсен Венгер во Арсенал, тие прво решија да донесат докажано тренерско име. Унаи Емери, шпанскиот хит-тренер кој освои три Лига Европа по ред со Севиља и кратка епизода во ПСЖ, седна на клупата на лондонскиот тим.
Кога Емери не им донесе на Топџиите пласман во Лигата на шампионите во Лондон, тие се решија на спротивен пристап.
Го доведоа Артета, човек кој дотогаш немаше водено ниту еден натпревар во улога на главен тренер, но ја имаше наклонетоста на навивачите на Арсенал и искуството да му биде помошник на Гвардиола долги години.
Јавноста надвор од клубот беше скептична, а самиот Артета не успеа веднаш да ги замолчи критичарите. Во првите две сезони неговиот Арсенал заврши на осмото место, но потоа започна незапирлив пораст. Пред две и пол години завршија на петтото место, а потоа следеа две последователни сезони во кои Арсенал беше второпласиран.
Артета за малку ќе го симнеше од тронот својот учител Гвардиола, кој минатата сезона заостануваше само два бода зад него.
Напредокот и трансформацијата што ја доживеа Арсенал под негово водство најдобро говори ако се спореди сегашниот тим со првите 11 во дебито на Артета на клупата.
Беше тоа Boxing Day 2019 во ремито против Борнмаут, а Арсенал на тој натпревар изгледаше вака: